Традиција, квалитет и доверба.

DollarSign_2_#0080FF

Достапни Цени

Clock_3_#0080FF

Навремена Испорака

CheckMark_#0080FF

Загарантиран Квалитет

01

За нас:

Толту Моторс е компанија од областа на автомобилската дејност, основана во 1990 година, како сервис за лимариска поправка на возила од сите брендови.

Во текот на своето постоење, следејќи ги потребите на македонскиот пазар и предводени од искуството, нашата дејност се прошири и на полето на продажба на возила.

Денес, Толту Моторс е овластен увозник и сервисер за возилата од јапонската премиум класа – Subaru, и за водечкиот кинески производител на SUV возила – Great Wall Motors, како и нивниот премиум бренд – HAVAL, опремен со можности за комплетно сервисирање и поддршка по продажбата.

Толту Моторс секојдневно се развива во областа на автоиндустријата, применувајќи ги новите и модерни техники на работа и стандарди за квалитет, притоа негувајќи ја традицијата и довербата кај клиентите.

Нашата компанија има за цел да остави слика на македонскиот пазар како партнер од доверба за своите клиенти и соработници.

02

Достапни услуги

Ние ги разбираме вашите барања и обезбедуваме квалитетни услуги​

Дијагностика, механика и сервисирање на клима уреди

На стручниот и квалификуван персонал во делот на механиката нема да им преставува проблем да ги дијагностицираат и решат дефектите, работејќи по стандардите и принципите на производителите на возилата. Стручниот тим е обучен за сервисирање на клима уредите на автомобили.

Лимарија и подготовка пред лакирање

Одделение во кое се извршуваат авто лимарските поправки на помали и поголеми оштетувања. Прецизноста и искуството на нашите стручни кадри гарантира сигурност и квалитет.

Одделение во кое што се подготвуваат возилата пред лакирање, во најсовремен простор за работа, по сите еколошки и европски стандарди.

Фарбање и лакирање

Најпрецизниот дел од процесот на поправка на возилото е фарбањето и лакирањето. За овој процес се користат високо квалитетни и еколошки производи, кои допринесуваат за добар краен производ.

Одделение за завршни работи каде што се извршуваат мали корекции и доработки на возилото.

03

Автомобили:

Палета на модели од достапните брендови во нашите салони кои ги исполнуваат сите видови на потреби,
обезбедувајќи квалитет и комфор

"Focus Dedication Specialization"

Совршен дијалог помеѓу човекот и возилото се постигнува преку меѓусебно поврзување. Со интелигентно искуство, сè е под контрола. Безбедноста е поставена како основна вредност на GWM. При почетната фаза од развојот на секое возило, се води сметка за целиот процес на возење за да се реализира целокупната безбедност на патниците, пешаците и возилата.

"Leads the Future"

Од своето независно работење на 29 март 2013 година, брендот HAVAL се посветува на градење на висококвалитетна, извонредна и професионална постава на производи и освојување на довербата на потрошувачите преку градење на бренд услуга за „движење на клиентите“.

 

"Confidence in motion"

Во SUBARU се залагаат за производство на автомобили во кои ќе биде инкорпорирана идеалната комбинација од возачко задоволство и спокојство во возењето во било какви возачки услови. За да се реализира ова, одбран е веќе докажан пат – систем со погон на сите тркала и комплетна симетрија.

 

Користени возила
Rent-A-Car
04

Акции и новости

Сè за вашиот автомобил
Нашето решение за COVID-19 препреките
Почитувани, Нашата цел секогаш било грижа и внимание кон нашите клиенти. Ги почитуваме сите препораки за заштита на јавното здравје и превенција од вирусот COVID-19, затоа овозможуваме ефикасен начин за функционирање на Толту Моторс…
Известување за COVID-19
Почитувани, Ве информираме дека компанијата Толту Моторс, генерален импортер и овластен дистрибутер на најпознатите кинески возила, овозможи посебна процедура, со цел заштита на јавното здравје и превенција од вирусот COVID-19, како за нашите клиенти…
05

Референци:

Кратки извадоци од артикли за нашите возила
06

Зошто да не одберете нас?

Сервисирањето во Толту Моторс се извршува на најсовремен начин, со примена на високо технолошки достигнувања и со потрошни материјали произведени од најреномираните светски производители.
Лидери во лимарска и автолакерска дејност

Успехот постигнат на полето за лимарски и автолакерски услуги се темели на нашата долгогодишна посветеност кон одржување на совршеноста при изработката, притоа запазувајќи ги барањата и стремејќи се кон задоволството на секој клиент.

Посебни бенефиции (Сопствен сервис)

Набавката на ново возило е поткрепена со загарантирана подршка, остварена од нашиот овластен сервис кој е опремен со сите потребни уреди за одржување и поправка на возилото. Процедурите се предводени од сертифициран екипаж кој има долгогодишно искуство со возилата кои се достапни за продажба кај нас.

Модерни и флексибилни

Секогаш прилагодливи на модерните потреби и во чекор со најсовремените стандарди и методи на работа. Флексибилен пристап при соочувањето со проблемите, притоа задржувајќи го поставениот квалитет. Прилагодливи кон барањата на клиентот, за обезбедување на најдобар резултат.

Врвна опременост и квалификуваност

Професионален кадар, кој располага со големо искуство на сите полиња во нашта дејност и широки знаења стекнати од присуство на европски и јапонски специјализации. Тие се обучени да ракуваат со сите технологии и алати достапни во нашата работилница, која е со ниво на опременост од светски размери.

Брза и квалитетна услуга

Нашата екипа секој проблем го решава во најкус временски период и со врвен квалитет на задоволство на нашите клиенти. Ефективното и ефикасното работење е поттикнато од потребата за следење на динамичниот тек на денешното живеење.

Семејна
Традиција

ТОЛТУ Моторс низ своето долгогодишно постоење како семеен бизнис, но секако и професионален претставник на автоиндустријата во Македонија, се смета за еден од пионерите на разните техиники на работење во својата област,  притоа секогаш задржувајќи го пријателскиот однос кон секој клиент. Нашата политика како семеен бизнис, е и секогаш ќе остане срдечен прием проследен со топла насмевка и пријатна атмосфера.

07

Стапи во контакт

Ние ги разбираме вашите барања и обезбедуваме квалитетни услуги​
Работно време

Понеделник-Петок: 08:00–16:00 Сабота: 09:00–15:00

Контакт

Продажба: +389 2 655 655 Сервис: +389 2 654 654 Email: info@toltu.com.mk

Каде да не најдете

ул. “Скупи” бр.1, Карпош 1000 Скопје, Македонија

Социјални мрежи
Работно време

Понеделник-Петок: 08:00–16:00 Сабота: 09:00–15:00

Контакт

Продажба: +389 2 655 655 Сервис: +389 2 654 654 Email: info@toltu.com.mk

Каде да не најдете

ул. “Скупи” бр.1, Карпош 1000 Скопје, Македонија

Социјални мрежи