Известување за COVID-19

Почитувани,

Ве информираме дека компанијата Толту Моторс, генерален импортер и овластен дистрибутер на најпознатите кинески возила, овозможи посебна процедура, со цел заштита на јавното здравје и превенција од вирусот COVID-19, како за нашите клиенти така и за вработените лица.

Извршена е комплетна дезинфекција на нашите простории и во тек е постојано одржување на високо ниво на хигиена.
Воспоставен е посебен ред и прием за нашите клиенти во продажниот и сервисен центар.
Воспоставена е и посебна процедура преку која извршуваме дезинфекција на возилата на нашите клиенти.
Апелираме кон нашите клиенти да го почитуваат условот на закажување термин за сервис на возило, со цел да воспоставиме подобра организација и што е можно повеќе избегнување на социјален контакт помеѓу вас.

Ве молиме почитувајте ги сите насоки за заштита и превенција од COVID-19…За доброто на сите!

Толту Моторс, Скопје